На 10.09.2018 год. во гр. Куманово се одржа и третиот Презентациски настан на проектот Иновациски Центар: Компаративна предност за поголема конкурентност. Во настанот учествуваа 30 претставници на мали и средни претпријатија од Североисточниот регион, како и претставници на општината и локални медијуми. Проектот со главните цели и акивности беше претставен уште еднаш од директорот на Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија од Куманово – Димитар Ташевски, а проект менаџерот Бети Деловска претстави анализа и структура на малите и средни претпријатија кои се селектирани и вклучени во проектот. Г- динот Владимир Павловски од Бизнис центарот на Североисточен плански регион ги запозна учесниците со вмрежувањето и продобивките од Иновативниот центар.