Грант шема за спроведување на проекти за зголемување на конкурентноста на земјата-корисник" - EuropeAid / 138495 / ID / ACT / MK
Проект "Иновативен центар:
компаративна предност за поголема конкурентност"
Проектот е финансиран од страна на Европска Унија
Договор бр. 12-7324 / 1
Проектот ги опфаќа активностите кои преку зајакната соработка и интеракција на невладините актери со релевантните актери од универзитетите, ќе го поддржат спроведувањето на мерките и проектите за зголемување на конкурентноста.
Предвидени се конкретни мерки кои го унапредуваат поттикнувањето на иновации, истражување и развој, како и надградба на технолошките процеси на МСП во земјата. Исто така, ќе бидат имплементирани и мерки за развој на капацитетите на МСП, за соработка и градење на силни врски со јавните институции и образовните институции во земјата, преку воспоставување на заедничка платформа како на пример Иновативен Центар, развој на конкретни проекти, програми за обука и мерки за зајакнување на иновативните капацитети на домашните МСП. Нивото на обука на МСП, локалните власти и институции е доста важно, бидејќи тие можат значително да го олеснат воспоставувањето на односи, преку: развивање на соработка помеѓу МСП; поддршка на економска активност; обезбедување на контакти меѓу потенцијалните партнери; пренесување на искуство и иновациски „know how“; обезбедување на соработка во едукација на кадарот; и поддршка на финансирањето на иновациските проекти во целните региони.
Воспоставениот Виртуелен Иновативен Центар ќе стане партнер на МСП во унапредувањето на економскиот просперитет на целните региони и ќе овозможи трансфер на знаење и технологија развиени на партнерските универзитети, на пазарот. Центарот ќе ја поддржи културата на претприемништво, за трансформирање на иновациските идеи во успешен профитен проект на претпријатијата, а ќе обезбеди и образовни и вмрежувачки можности за МСП, за да ја развијат и да ја демонстрираат комерцијалната вредност на нивните пронајдоци. Виртуелниот Иновациски центар ќе биде создаден преку напредна онлајн платформа, со цел поддршка на развојот на малите и средните претпријатија (МСП). Малите и средни претпријатија ќе имаат можност да пристапат до онлајн програми за подобрување на своите бизнис вештини и да добијат деловно советување и менторство. Притоа, ќе им се помогне и да добијат пристап до потенцијални финансиски и технолошки партнери. Покрај ова, Центарот има за цел да стане онлајн заедница за МСП и да се развие во глобален колаборативен екосистем, кој е корисен за претпријатијата, преку размена на онлајн информации и знаења, вклучително и споделување на најдобрите практики. Членството во Иновацискиот Центар ќе биде отворено за оние кои се заинтересирани за иновации.
Целни групи на проектот:
- 75 МСП од североисточниот, скопскиот и вардарскиот регион
- 3 универзитети од североисточниот, скопскиот и вардарскиот регион
- Стопанска комора, деловни здруженија кластери) од североисточниот, скопскиот и вардарскиот регион
Конкретнитe цели на проектот
Воведување на иновативни пристапи во деловното работење на МСП
Подобрување на иновативните вештини
Создавање на иновативна култура во претпријатијата
Подобрување на соработката помеѓу МСП и научно-истражувачки институции
Главна цел на проектот:
Да се зголеми конкурентноста на малите и средните претпријатија во североисточниот, скопскиот и вардарскиот регион, со поттикнување на активноста на различните актери во општеството, а со цел да се влијае врз конкурентноста на економијата на земјата преку иновации.
innovationhub2018
Главни активности:
- Анализа меѓу МСП за идентификување на бариерите кои ги попречуваат иновациите
- Дизајнирање на пристап за зголемување на иновативноста на МСП преку воспоставување на Иновациски Центар
- Основање на Иновациски Центар
- Имплементација на мерки за градење на капацитети, преку Иновативниот центар, со цел да се приближи иновацијата до МСП
- Имплементација на кампања за подигање на свеста за иновации
- Организирање на настан за видливост, за размена на иновативни практики од земјата и странство
Проценети резултати:
Проценети резултати презентирани преку најважните исходи кои што треба да се постигнат:
- О1: најмалку 75 МСП во Североисточниот, Скопскиот и Вардарскиот регион, поддржани во зајакнување на конкурентноста и примена на иновативни практики;
- О2: најмалку 150 вработени во МСП ги подобрија своите иновациски вештини и обучени да користат иновативен пристап (најмалку 40% жени);
- О3: најмалку 6 партнерства иницирани помеѓу академијата, локалните власти, невладините организации, приватните бизниси и регионалната власт;
- О4: Иновациски Центар основан како алатка за зајакнување на регионалните иновациски капацитети;
- О5: развиена кампања за подигнување на свеста за иновации
Предложениот проект ќе ги обезбеди следните резултати:
- Р1: создадени најмалку 100 нови иновативни идеи;
- Р2: најмалку 75 претпријатија во северо-источниот, скопскиот и вардарскиот регион ќе ги подобрат нивните перформанси;
- Р3: Зголемена свест за иновативноста на најмалку 1000 граѓани од североисточниот, скопскиот и вардарскиот регион
- Р4: најмалку 3 заеднички проекти имплементирани помеѓу академијата, локалните власти, невладините организации, приватните бизниси и регионалната власт;