На 23.04.2019 година во хотел Астера, Скопје се проведе ИНФО ДЕН за промоција на можности за финансирање, заедно со претставници од Македонска банка за поддршка на развојот, ФИТР (Фонд за иновации и технолошки развој), Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија и претставниците на мали и средни претпријатија од Скопскиот регион. На информативна средба на бизнис сектор им беа претставени можностите за финансирање на нивните бизниси.