На 06.09.2018 год. во гр. Велес се одржа првиот Презентациски настан на проектот Иновациски Центар: Компаративна предност за поголема конкурентност. Во настанот учествуваа 30 претставници на мали и средни претпријатија од Вардарскиот регион, како и претставници на општината и локални медијуми. Проектот беше претставен од директорот на Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија од Куманово – Димитар Ташевски и директорот на Фондација за поддршка на мали и средни претпријатија од гр. Велес – Анита Самарџиева, а целите на проектот и проектните активности беа претставени од проект менаџерот Бети Деловска.