На 10.10.2018 година во гр. Скопје се одржа Консултативен настан за проектот Иновациски Центар: Компаративна предност за поголема конкурентност. Настанот беше отворен од директорот на Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија-Куманово Г-нот Димитар Ташевски, а потоа претставник на консултантската фирма УМФ ТРЕНИНГ (Г-ѓа Марија Караева) ги претстави резултатите од ГАП анализата (која беше направена) за да се видат бариерите и пречките на иновативноста и конкурентноста на претпријатијата во целните региони. Воедно претставникот од УМФ ТРЕНИНГ врз основа на направената ГАП анализа даде одредени препораки во кој правец треба да се насочиме во делот на подобрување на иновативноста и конкуренттноста на МСП секторот во целните региони. После тоа проектниот менаџер г-ѓа Бети Деловска отвори јавна дебата за мислења и коментари во врска со претставените резултати од ГАП анализата. Имаше дискусија од повеќе претсtaвници на мали и средни претпријатија, на државните и јавните институции и претставниците од невладинијот сектор кои беа присутни на настанот.