На 24.10.2018 година во гр. Куманово се одржа Консултативен настан за проектот Иновациски Центар: Компаративна предност за поголема конкурентност. Настанот беше отворен од директорот на Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија-Куманово Г-нот Димитар Ташевски, а потоа Г-нот Алек Караев, претставник на компанијата УМФ тренинг, ги претстави резултатите од ГАП анализата (која беше направена) за да се видат бариерите и пречките на иновативноста и конкурентноста на претпријатијата во целните региони. Накрајот проектниот менаџер Г-ѓа Бети Деловска отвори јавна дебата за мислења и коментари во врска со претставените резултати од ГАП анализата. Активно учество во дебатата земаа проф. д-р Насер Раими, декан на Факултет за Бизнис Администрација при Тетовскиот универзитет, Г-нот Иле Митковски – директор на АППРМ (Агенција за Поддршка на Претприемништвото на Република Македонија), претставникот Славјански универзитет Г-нот Драган Петковски, претставниците од општина Куманово, претставници од јавните институции, како и претставници на мали и средни претпријатија од Куманово.