Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија (ФРМСП) започна со импламентација на проектот “Иновативен центар: компаративна предност за поголема конкурентност”, кој предвидува соработка на приватниот сектор со претставници од универзитети, кои ќе помогнат при спроведувањето на мерките за зголемување на иновативноста и конкурентноста во целните регони и пошироко.
Предвидени се конкретни мерки кои ќе го унапредуваат поттикнувањето на иновации, истражување и развој, како и надградба на нови технолошките процеси на МСП секторот во земјата.
„Проектот ќе поддржи имплементација на мерки за развој на капацитетите на МСП секторот, соработка и градење на силни врски со јавните институции и образовните институции во земјата, воспоставување на заедничка on-line платформа која ќе претставува виртуелен иновативен центар, развој на конкретни развојни проекти, програми за обука и мерки за зајакнување на иновативните капацитети на домашните компании“, – вели Димитар Ташковски од ФМСП.
Иновативниот центар има за цел да стане онлајн заедница за МСП и да еволуира во глобален колаборативен систем, кој ќе биде корисен пред се за компаниите, преку размена на онлајн информации и знаења, вклучително и споделување на најдобрите практики.
Членството во Иновативниот центар ќе биде отворено за субјекти кои се заинтересирани за иновации, компании кои имаат интенција да работат иновативно и конкурентно на пазарот.
Главната цел на проектот е зголемување на конкурентноста на млаите и средните претпријатија во североисточниот, скопскиот и вардарскиот регион, со поттикнување на активноста на различните актери во општеството, а со цел да се влијае врз конкурентноста на економијата на земјата преку иновации.
Превземено од Kumanovonews