ИНФО ДЕН за промоција на можности за финансирање – 25ти Април, 2019 година, Куманово

Практична работилница “Патентирање на иновации” – 22-ри Март, 2019 година, Куманово
March 23, 2019
Практична работилница “Патентирање на иновации” – 19и Март, 2019 година, Скопје
May 10, 2019

На 25.04.2019 година во Куманово се одржа ИНФО ДЕН ЗА НАЈНОВИТЕ МОЖНОСТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ со учеството на ЛЕР Куманово, ФИТР (Фонд за иновации и технолошки развој), МБПР, АППРСМ и претставници од Централна кооперативна банка. На средбата претставниците на бизнис секторот од Североисточниот регион им беа претставени можностите за финансирање на нивните бизниси. Презентацијата ја организираше Фондација за развој на мали и средни претпријатија. Претставници на надлежните фондации, агенции, фондови, локалната власт и банките, зборуваа како на најлесен начин да се искористи нивната стручна и матерјалната помош во зајакнување и развој на малите и средни претпријатија.