На 25.04.2019 година во Куманово се одржа ИНФО ДЕН ЗА НАЈНОВИТЕ МОЖНОСТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ со учеството на ЛЕР Куманово, ФИТР (Фонд за иновации и технолошки развој), МБПР, АППРСМ и претставници од Централна кооперативна банка. На средбата претставниците на бизнис секторот од Североисточниот регион им беа претставени можностите за финансирање на нивните бизниси. Презентацијата ја организираше Фондација за развој на мали и средни претпријатија. Претставници на надлежните фондации, агенции, фондови, локалната власт и банките, зборуваа како на најлесен начин да се искористи нивната стручна и матерјалната помош во зајакнување и развој на малите и средни претпријатија.