На 7, 8 и 9.10.2018 година во гр. Скопје се одржа Обука за Бизнис модел CANVAS во рамките на проектот Иновациски Центар: Компаративна предност за поголема конкурентност. Обуката беше отворена од директорот на Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија-Куманово Г-нот Димитар Ташевски, кој накратко го претстави проектот и обучувачите. Потоа обуката ја спроведуваше Д-р Самоил Малчески, професор по Математика, статистика и применета економија во Универзитет Евро-Балкан, Скопје. Преку вежби и дебати, со помошта на Г-ѓа Катерина Златанова Попова, Д-р Малчески успешно го пренесе знањето за CANVAS бизнис моделот на учесниците во обуката. Активно учество во обуката земаа сите учесници – претставници на мали и средни претпријатија од Скопје, а исто така и претставници на јавните институции – општина и Агенција за Поддршка на Претприемништвото на Република Македонија. Учесниците работеа во групи за создавање на бизнис план по CANVAS моделот. Обуката заврши со претставување и анализа на создадените CANVAS модели од секоја од групите.